Денеска (07.11.2023) околу 13.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија.
По претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.