Кинеската тенисерка Кинвен Женг ќе игра во финалето против Арина Сабаленка на Австралија Опен!
Женг (15.место на ВТА листата) во полуфиналната пресметка славеше против Украината Дајана Јастремска (93. место на ВТА листата) во два сета.
Јастремска беше подобра само на стартот низ првите пет гема на мечот, а потоа Женг презеде целосна контрола врз играта и на крај славеше со 6-4 и 6-4.