Македонскиот ракометен клуб Вардар, ја впиша првата победа во втората фаза од ЕХФ Европската лига.
Со триумфот над Мелсунген, вардарци остануваат во игра за позициите што водат во разигрувањето.
Црвено-врните сега заостануваат два бода зад германскиот тим (6), а имаат 4 како и Бенфика.
Токму португалската екипа ќе биде следниот противник на вардарци во Европската лига.
Од таборот на Вардар објавија информација дека карате за овој натпревар, закажан за 3 март во Скопје се веќе во продажба.
Картите може да се купат на онлајн (овде) и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот, по цена од 250 до 400 денари.