Фудбалерите на Реал Мадрид и на реваншот од плејофот во Лигата на шампионите ја совладаа Бенфика сега и на домашен терен со резултат 2:1.
На првиот натпревар во Португалија триумфираа играчите на шпанскиот гигант исто така минимално со 1:0.
Бенфика поведе во 14 минута преку Рафа Силва, но радоста на Португалците траеше само 120 секунди бидејќи Чуамени брзо израмни по асистенцијата на Валверде.
Домаќините успеаја да постигнат гол во 32 минута преку Гулер, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.
Конечниот епилог беше поставен во 80 минута со погодокот на Винисиус Жуниор, а Валверде запиша и асистенција на овој меч.
Во осминафиналето се пласираше и тимот на ПСЖ кој излезе како победник во францускиот двомеч против Монако. На возвратниот дуел во Париз, двете екипи ремизираа 2:2. Париските „светци“ благодарение на победата од првата средба со 3:2 одат понатаму во елитното европско клупско натпреварување.
Не помина долго време, ПСЖ веќе беше во позитива со голот на грузискиот интернационалец Кварацхелија. До крајот на дуелот гостите успеаја да постигнат уште еден гол во судиското надополнување кога домашната мрежа ја затресе Тезе.