Четири лица загинаа во руски напади во јужна Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека во нападите е повредено и едно дете.
Во воздушните напади врз село во областа Запорожје целосно е уништена една станбена зграда, а друга е оштетена, соопшти украинската служба за цивилна заштита.
Нападите се случија синоќа, на денот на четвртата годишнина од почетокот на војната, пренесе ДПА.
Украина се брани од руска инвазија од 24 февруари 2022 година, со постојана поддршка од западните сојузници.