Македонија УХМР

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени

На Попова Шапка изутрина во 7 часот измерени се – 4 степени и има 89 сантиметри снежна покривка. Минусни температури се регистрирани и во Mаврови Анови, – 2 и во Охрид -1, а 0 степени во Битола и Kрушево. Во Берово и Претор, 1 степен над нулата, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Виница и Крива Паланка, 2, Скопје-Петровец, Струмица и Штип, 4, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 6, а во Гевгелија 10 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 километри на час). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top