Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Кичево, каде што ќе оствари средби со претставници на локалната самоуправа и институциите од областа на културата.
Во рамки на посетата, министерот Љутков заедно со градоначалникот Александар Јовановски во просториите на Општина Кичево ќе одржат прес-конференција по повод изборот на Кичево за Град на културата за 2026 година.