Фудбал

Претседателката на Мексико рече дека нема ризик за одржување на Мундијалот

Претседателката на Мексико рече дека нема ризик за одржување на Мундијалот

Претседателката на Мексико Клаудија Шајнбаум ја увери јавноста дека нема ризик и дека ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции за Гвадалахара да биде домаќин на натпреварите од Светското првенство во фудбал, како што е планирано.

Смртта на Немесио Осегуера, моќниот лидер на картелот Jalisco New Generation (CJNG) во воена операција во неделата предизвика бран одмазди во кои загинаа десетици луѓе.

Осомничени членови на картелот блокираа патишта, запалија возила, нападнаа бензински пумпи, бизниси и банки и се судрија со властите во 20 од 32-те држави во Мексико.

 

To top