Фудбалерот на Реал Мадрид Килијан Мбапе, нема да може да игра поради повреда на левото колено, открива „Л’Екип“.
Засега нема официјални информации од Реал Мадрид, а не се очекува ниту тоа да го потврдат, оставајќи барем мала дилема дали Французинот ќе биде подготвен за настап.
Реал Мадрид има предност од 0-1 по првиот меч во Лисабон.
Бенфика исто така е десеткувана, со оглед дека нема да игра суспендираниот од УЕФА, Џанлука Престијани, кој имаше инцидент со Винисиус јуниор, а на клупата нема да биде и тренерот Жозе Мурињо, кој доби црвен картон на првиот меч.