Украина ги нарече тврдењата на Русија дека сака да набави нуклеарно оружје „апсурдни“, објавија британските медиуми.
„ Украина многу пати претходно ги негираше ваквите апсурдни руски тврдења, а ние официјално ги негираме повторно сега. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги отфрли и осуди руските валкани информативни бомби“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи.
Претходно денеска, Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) ги обвини Велика Британија и Франција дека активно работат на вооружување на Украина со атомска бомба.
Нашите непријатели знаат како би можел да заврши нуклеарен напад врз Русија, изјави претседателот Владимир Путин. (МИА)