Македонија Обвинителството нареди и психијатриско вештачење

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени и живет во страв по убиството и сомнежот за сериски убиец

За една од жртвите која е помлада жена беше дадена наредба за ексхумација и обдукција. Изминатите неколку дена на ОЈО Куманово и истражниот центар, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во Старо Нагоричане.

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени и живет во страв по убиството и сомнежот за сериски убиец

Страв и неизвесност владее помеѓу населението во  руралните места од општина Старо Нагоричане, откако полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек. Поради страв дел од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот, за кого кажуваат дека со велосипед се движел низ селат и го чувал добитокот.

-Стравуваме како не, сама си седам, ама сега ми е страв. Некои жени што живеат постари сите ги одведоа или ќерки, синови, или доаѓаат често. Се надеваме дека ќе биде побезбедно. Државата и институциите да направат нешто за да не се плашат жителите, инаку како ќе живееме. Секоја година сме се постари и како ќе се одбраниш кога ќе ти дојде некој таков-изјави Добрица Јовановска, жителка на селото Челопек.

Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во домот на 78 годишната жена, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.

-Во  село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.

Жителите се вознемирени дека со него се поврзуваат и други случаи, слично како убиството.

-Јас сум поранешен директор на училиштето, тој тука живее во близина на школото. Го чуваше добитокот. Ја познавам жртвата која потекнува од нашето село, тука како пензионерка си живееше. Навистина сме вознемирени, немавме вакви случаи, мора да се заклучуваме, да внимаваме- вели Владо Јакимовски, жител на селото.

За една од жртвите која е помлада жена беше дадена наредба за ексхумација и обдукција. Изминатите неколку дена на ОЈО Куманово и истражниот центар, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во Старо Нагоричане.

-Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат. Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката, се посочува во соопштението од Обвинителството.

Обвинителството нареди и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top