Ракометниот клуб Охрид испиша своја историја и ќе заигра во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Со елиминацијата на Дукла Прага во осминафиналната фаза македонскиот тим продолжи меѓу осумте најдобри.
Европската ракометна федерација – ЕХФ во своето седиште во Виена ја одржа ждрепката за четврттфиналната фаза.
Охрид налета на грчкиот шампион Олимпијакос.
- Четвртфинални парови во ЕХФ Купот:
Татабања – Нилуфер
Целје – Бузау
Извиѓач – Карвина
Олимпијакос – ГРК Охирд
Македонскиот тим прво ќе гостува кај Грците во Пиреја, а потоа реваншот ќе го игра пред својата публика во Охрид.
Термините за натпреварите од четвртфиналето се 27/28 март и 4/5 април.