Економија берза

Златото поскапо од вчера, грам се продава по 141 евро

На светските берзи денес, цена на златото е стабилна, но сé уште на високо ниво, поттикнато од силна побарувачка и глобална финансиска неизвесност. Според најновите податоци, спот-цената на злато изнесува околу 4.404 евра за унца (≈31,1 гр), додека грам чисто (24 К) злато се тргува приближно за 141,6 евро. Овие бројки се во рамките на денешниот дневен опсег и бележат слабо зголемување од предходните сесии.

Во однос на вчерашните котации, кога златото експлодираше на тридневен максимум поради зголемените геополитички ризици и реакцијата на инвеститорите како „пристаниште“ за капитал, денешните бројки покажуваат незначително движење нагоре во евра. Стабилноста на цената денес, наместо остар пад, укажува на тоа дека инвеститорите сé уште ја ценат вредноста на златото како „безбедно засолниште“ во услови на геополитички и економски тензии.

Аналитичарите нагласуваат неколку клучни причини за ова однесување на пазарот како глобална финансиска неизвесност кога инвеститорите се загрижени за нестабилноста на акциите или валутите, златото често се гледа како сигурна инвестиција. Втора причина е курсот на евото наспроти доларот и секако побарувачката од институционални инвеститори

Иако вчерашниот брз раст се коригираше, вредноста сега се задржува на ниво што покажува силна побарувачка и доверба кај инвеститорите. Во време кога економските и геополитичките фактори остануваат непредвидливи, златото продолжува да игра централна улога во портфолијата на многу инвеститори.

To top