Регион Во текот на минатата година, запленети се 29.881 парчиња

Нелегалното оружје и понатаму е една од најсериозните закани за безбедноста во Албанија

Според Министерството за внатрешни работи во првите 1,5 месеци од годинава се запленети 83 парчиња огнено оружје, од нив во јануари 62 парчиња, додека останати 21 во првата половина од февруари.

Нелегалното оружје и понатаму е една од најсериозните закани за безбедноста во Албанија

Нелегалното оружје, што често завршува во рацете на криминални групи, продолжува да биде една од најсериозните закани за безбедноста во Албанија.

-Користено во сериозни криминални инциденти, за пресметка или други нелегални активности, ова оружје ги зајакнува криминалните структури, објавија медиумите.

Според Министерството за внатрешни работи во првите 1,5 месеци од годинава се запленети 83 парчиња огнено оружје, од нив во јануари 62 парчиња, додека останати 21 во првата половина од февруари.

-Во текот на 2025 година, органите за спроведување на законот, за време на операциите против нелегално поседување оружје и трговија со оружје, запленија вкупно 690 парчиња огнено оружје од различни видови и калибри. Од нив, 61 беа спортско оружје, додека останатите беа оружје што циркулираше надвор од законска контрола, наведуваат од Министерството.

Исто така, во  текот на минатата година, запленети се 29.881 парчиња борбена муниција и 94 рачни гранати.

Ова оружје, кое главно се шверцува од Косово, а се користи во криминални активности. (МИА)

To top