Свет

Чад ја затвори границата со Судан откако петмина негови војници беа убиени

Чад ја затвори границата со Судан откако петмина нејзини војници беа убиени во судири за време на викендот поврзани со суданската граѓанска војна, објавија британските медиуми, повикувајќи се на двајца чадски безбедносни претставници.

Суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) се борат од април 2023 година, а конфликтот периодично се прелева во Чад.

Владино лице во Нџамена изјави дека во саботата имало судир меѓу РСФ и борците лојални на суданската Влада во пограничниот град Тине. Во борбите беа убиени петмина чадски војници и тројца цивили, а 12 лица беа ранети.

Граничар во Тине ја потврди смртта на петмината војници и рече дека се потребни дополнителни безбедносни мерки за заштита на граѓаните на Чад.

Двајцата чадски претставници рекоа дека во областа ќе биде распореден повеќе персонал на чадската армија.

Владата на Чад денеска соопшти дека границата ќе остане затворена до следното известување поради „повторени упади и прекршувања извршени од силите вклучени во конфликтот во Судан“. Мерката се презема за „да се спречи ризикот од ширење на конфликтот на територијата на Чад, да се заштитат нејзините граѓани и бегалци и да се гарантира територијалниот интегритет на земјата“.

„Едно е сигурно. Без разлика дали ни се допаѓа или не, Чад сега се чини дека е страна во конфликтот“, рече Ахмат Јакуб од Центарот за истражување на развојот и спречувањето на екстремизмот со седиште во Нџамена.

Суданската армија и РСФ сè уште не дале коментар за ситуацијата.

Најнови вести од Свет

To top