Вести Дипломатија и локален развој

Перински: Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави останува врвен приоритет

На средбата со Никол Варнс беа разгледани реформите во локалната самоуправа, интегритетот на институциите и соработката со Националниот демократски институт

Перински: Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави останува врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс, на која била потврдена заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете држави.

Како што информира Перински преку социјалните мрежи, во разговорот биле презентирани клучните приоритети на министерството за наредниот период, со акцент на функционирањето на Ресурсниот центар како механизам за надминување на административните предизвици на локално ниво, поттикнување на меѓуопштинската соработка и обезбедување порамномерен регионален развој.

Соговорниците размениле мислења и за зајакнување на системите за интегритет на локално и национално ниво, области во кои институциите соработуваат со Националниот демократски институт преку проектот „Заедници со интегритет“.

На средбата накратко било разговарано и за работната посета на Перински на Вашингтон и за одржаните состаноци во рамки на агендата.

Перински оценил дека партнерството со САД претставува еден од клучните надворешнополитички приоритети и нагласил дека институциите остануваат посветени на негово понатамошно продлабочување.

🇲🇰🇺🇸На средбата со H.E. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, ја потврдивме…

Posted by Златко Перински on Monday 23 February 2026

Најнови вести од Вести

To top