Министерот за одбрана Владо Мисајловски, утрово оствари средба со новоименуваното одбранбено аташе на Република Хрватска, полковникот Рајко Периќ, и амбасадорката Н.Е. Нивес Тигањ.
На средбата беше потврдена одличната билатерална одбранбена соработка меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката посветеност кон нејзино понатамошно унапредување. Разговарано беше и за реализацијата на Билатералниот план за 2026 година, со посебен фокус на военото образование, заедничките вежби и специјализираните обуки, кои се клучни за јакнење на интероперабилноста и за унапредување на регионалната безбедност.
Министерот Мисајловски истакна дека ваквите средби придонесуваат за стабилноста во регионот и за зајакнување на довербата меѓу партнерските армии.
Утрово остварив средба со новоименуваното одбранбено аташе на Република Хрватска, полковникот Рајко Периќ, и…
Posted by Vlado Misajlovski on Monday, February 23, 2026