Свет

Украински власти: Руски напад врз областа Одеса, две лица убиени, три ранети

Во руски напад врз областа Одеса, во јужна Украина, загинаа две лица, додека три се ранети, објавија денеска украинските власти.

Две лица ги загубија животите кога руски дрон се урна на паркинг за камиони и предизвика пожар.

Министерот за инфраструктура, Олексиј Кулеба изјави дека биле нападнати инфраструктурни објекти на пристаништето Одеса.

„Русија систематски напаѓа објекти кои немаат воена намена, обидувајќи се да ја загрози економијата на регионот и целата земја“, рече Кулеба.

Москва ги засили нападите врз украинските пристаништа на Црното Море откако рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на минатата година изјави дека ќе ја „отсече Украина од морето“.

To top