Македонија Колумни ќе ги фати ли „мајата“ на артан и другарчињата од владата му?

Кој е следен?

Кармата е кучка, огромна кучка, така оние што се занимаваа со обложувалници, рушење држава и штанцање марихуана, сега да ти биле ОБЛОГ во иститие тие кладилници. Ви текнува, коцкариштата што одеа ОЛ ИН?!

Денеска, кладбата И ОБЛОГОТ да ти бил:

КОЈ Е СЛЕДЕН?

Најмалку се добивало ако ставите облог на еден ќелепур од Муртино. Сите типувале на него. Кој знае зошто…

Македонија и Македонците, пак, знаеле најдобро.

Кој е следен?

Убав, понеделнички старт на неделата во Македонија. Ќеф за очи. И за уши, зборувам за она „свирењето клавир“ што следуваше. Да, се појави Артан, навистина се јави. Не како Заев на ФБ. Неееее, не прејудицираме и не алудираме на ништо. На НИКОГО. Никако…

И го уапсија Груби, така сабајлечкум. А, ако по утрото денот се познава, ова ќе биде добар ден, недела башка. Година, најбашка…

Настрана сите оние сеирџиски коментари те како му ги ставале лисиците и се смеел ајванот или не, битно е дека е таму каде што припаѓа. Во апс. Во Шутка. А следна станица да ти било Идризово. Колку и да се обидуваат комуњарските ќелепури и „интегративни“ инфлуенсери да го минимизираат овој непобитен факт, тоа е тоа. Груби е „дома“, во ќелија. А ним, тоа им е работа, платени се за тоа, та нека си ги заработат паричките. И сега, злорадо ќе прашаат, а како дошол, та ќе го фалат што сам се пријавил, те што договор се криел зад сето ова, не го кутнале ко Љубе на времето, не го згрбаиле од ќотек, та не се изживувале на него, па шарада била итн. итд. и др.

И што сега? Ќе го правдаат „гастарбајтерот“ дека му здосадило да се крие по „иностранство“, па дошол да се шепури по Македонија?! Абе ајде, гитла таму. Ко што Коцевски даде оставка 10 минути пред да го разрешат. И ко што Заев е во Дубаи заради бизнис, не ради недостиг на екстрадиција. исто, ко што Венко не се спрема да го стори истото, ако му дадат…

Обрачот бил стегнат, бегање немало. Да не се лажеме, некои служби цело време го знаеја каде се „крие“. Ништо не е случајно во светот, во Македонија уште помалку. За тоа, да не се лажеме, можеме до утре да се јачаме и силиме, но гарант во сето ова има грамадна улога и за се е заслужен и стратешкиот ни партнер. Бадијала ли сме заедно на секо поле изминативе година ипол? Те Венецуела, те Гренланд, средби, ишарети. Црвен картон за Артанчо од оној кој лично го стави на црната листа. Шлаканица со црно-црвена боја, пригодна за нас, а башка и за други. 102%. А против „ридот“, се’ да ти било бадијала. СДС и ДУИ тињата, особено…

И сега, шу прајме? Ќе се занимаваме со тоа дека бил насмејан? Па што очкувавте од чоечето кое беше синоним за ароганција и аздис во државата? Се сменил пошто работеше „у странСво“ ли? Искрено, мислите дека навистина е насмејан, длабоко во душичката? Дека му е сеедно што е во Шутка? Ајт, таму. Му се лелека, му се плаче, коси му се корнат (да ги имаше де), ама чаламот мора да опстои. АРОГАНЦИЈАТА, последното засолниште на неспособните. И уплашените. Арно ама, откако избега како онакво под кошула, и тоа „чаламо“ паѓа во вода. Трасссс…

Туку, по марихуаната, трасна и Арти. Ве тера да се запрашате које  следен? Та нечиј син беше вмешан во мега-аферата со канабис, да бе. Ќе остане ли на тоа?

Во меѓувреме Стразбур се зафати со уште еден СЈО случај, и тој ќе падне, како и сите местенки на Зоки, Катица и Ленче наапаната.

Ќе падне и она чедото црпнато, се’ е само прашање на време. Правдата е спора, но достижна.

Кармата е кучка, огромна кучка, така оние што се занимаваа со обложувалници, рушење држава и штанцање марихуана, сега да ти биле ОБЛОГ во иститие тие кладилници. Ви текнува, коцкариштата што одеа ОЛ ИН?!

Денеска, кладбата И ОБЛОГОТ да ти бил:

КОЈ Е СЛЕДЕН?

Најмалку се добивало ако ставите облог на еден ќелепур од Муртино. Сите типувале на него. Кој знае зошто…

Македонија и Македонците, пак, знаеле најдобро.

 

П.С.

Туку, каде е она црпнатиот, чуму не е во Македонија?

Пак, онака за ДРУГАРЧЕ прашуваме…

Најнови вести од Македонија Колумни

To top