Ракомет

Славко Голужа итно пренесен во болница, му се слошило на меч

Славко Голужа итно пренесен во болница, му се слошило на меч

Поранешниот селектор на хрватската ракометна репрезентација, Славко Голужа, е пренесен во болница откако му се слошило за време на натпреварот на РК Бјеловар.

Според локалните медиуми, Голужа на почетокот на второто полувреме од дуелот меѓу Бјеловар и РК Нексе почувствувал болка во градите.

Во придружба на играчи и помошниот тренер се повлекол во соблекувалната, каде што набрзо пристигнала итната медицинска помош.

Тој бил пренесен во болницата во Бјеловар, а според достапните информации неговата состојба е стабилна. Тоа го потврдил и директорот на клубот, Давор Ламза.

To top