Пејачката Милица Тодоровиќ се најде во центарот на скандал кога непозната компанија го искористи нејзиниот лик за продажба на сомнителни производи за слабеење.
Бесна поради лагите што се шират и фактот дека некој заработува пари на нејзино име, пејачката потоа даде итна изјава и јасно стави до знаење дека ќе бара правда на суд.
-Различни компании што се занимаваат со, немам поим што, „за слабеење“, го користат мојот лик за рекламирање на некој производ. Ве пуштив еден месец, а сега ќе те тужам. Срам да ви е – реагираше Милица.
Јавните личности се сè повеќе мета на сајбер криминалците. Милица Тодоровиќ, Марија Шерифовиќ и Снежана Ѓуришиќ се само дел од оние што беа мета на измамници кај соседите.