Во 20.05 часот на автопат А1, во близина на локалитет „Стоби“, друг тим на Мобилната единица ги лишиле од слобода Е.Д.(30) и 46-годишната Е.Ш., двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека со патничко возило „фолксваген голф “ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Д., биле претходница на возилото „фиат“ во кое се превезувале мигранти.
Лицата бил приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во прифатнo-транзитен центар за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.