„Кога ќе освоиш два бода на дерби натпревар на тежок терен, против добра екипи со добар тренер, секако дека треба да сме задоволни.
Тешка недела зад нас. После поразот од Бефика и долгото патување, дојдовме тука без посериозен тренинг. Знаевме што нè чека во овој дел од сезоната и затоа сакам да им се заблагодарам на сите ракометари и на оние кои што играа денес и на оние кои што останаа на трибините. 

Денес навистина се виде оној вистински Вардар, вистинска емоција за докажување, одигравме како тим. Можеби натпреварот не беше гледлив, но бевме за нијанса подобри и заслужено заминуваме со четири бода предност во плеј-офот. Мислам дека одбраната до доби натпреварот. Таа дисциплина и борбеност кај играчите беше клучна, но и многу исцрпувачка. Затоа и не одигравме модерно во нападот, кој можеби денеска малку потфрли. Но, пак ќе речам среќни сме на победата“, рече Чупиќ.