Македонија трибина во Битола

Проф. д-р Кузмановска: Трансплантацијата не е само медицинска процедура, таа е нов почеток, нова шанса и нов живот

Проф. д-р Кузмановска: Трансплантацијата не е само медицинска процедура, таа е нов почеток, нова шанса и нов живот

Со цел отворање поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата, се одржа втора трибина во Битола, посветена на оваа исклучително важна тема “Органодарителство во Македонија”, иницирана од “Храбро срце” .

На едно место беа обединети врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство.

– Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè доверба, солидарност и храброст. Секој спасен живот е доказ дека кога институциите, стручната фела и заедницата се обединети, надежта станува реалност. Подигнувањето на свесноста за донорството не е само избор, тоа е општествена одговорност и хуманост која може да спаси или да го подобри квалитетот на животот, посочи проф. д-р Кузмановска на трибината, појаснувајќи ги условите да се биде дарител, комплексноста на процедурите, но и подготвеноста на здравствениот систем за овие сложени трансплантациски процедури.

Најнови вести од Македонија

To top