Свет

Мерц во прва посета на Кина како германски канцелар

Германскиот канцелар Фридрих Мерц следната недела ќе отпатува за Кина на разговори за политичките и економските врски, како и за безбедносните прашања, потврди денеска владата во Берлин.

Мерц во прва посета на Кина како германски канцелар

Германскиот канцелар Фридрих Мерц следната недела ќе отпатува за Кина на разговори за политичките и економските врски, како и за безбедносните прашања, потврди денеска владата во Берлин.

Ова ќе биде негова прва посета на земјата откако ја презеде функцијата, пренесе ДПА.

Мерц в среда ќе биде пречекан со воени почести од кинескиот премиер Ли Чијанг во Пекинг, по што ќе следува заеднички ручек. Во попладневните часови предвидено е тој да одржи средба „еден на еден“ со претседателот Шји Џјинпинг.

Канцеларот ќе опфати „цел спектар на теми“ за време на неговиот дводневен престој во Кина, изјави во Берлин заменик-портпаролот на владата, Себастијан Хиле. „Ова природно ја вклучува и ситуацијата со човековите права“, рече тој.

Меѓу Берлин и Пекинг постојат трговски тензии, особено околу ретките земни метали, кои се критични суровини што се користат во производи како мобилни телефони и електрични мотори. Германските и европските производители пријавија недостиг на овие материјали поврзан со рестриктивните кинески трговски политики. Германската извозна индустрија изрази критики за она што го опишува како нелојална конкуренција на светските пазари од страна на субвенционираните кинески фирми, повикувајќи на еднакви услови за странските компании, вклучително и во јавните набавки.

Мерц ќе биде придружуван од бизнис делегација и треба да присуствува и на состанокот на Германско-кинескиот економски советодавен комитет. Според извештаите, тој планира да го посети и „Забранетиот град“ и групацијата „Mercedes-Benz“ во Пекинг.

В четврток, предвидено е Мерц да се сретне со Ванг Хао, партискиот секретар на провинцијата Џеџијанг, во Хангжу. Германската влада соопшти дека се планирани и посети на компанијата за роботика „Unitree“ и на „Siemens Energy“.

To top