Бесплатната правна помош во Северна Македонија бележи конкретни резултати, а институциите најавуваат дополнително јакнење на системот преку нов регионален проект. Ова го соопшти заменик-министерот за правда Ален Деребан, истакнувајќи дека услугата не е формалност, туку суштинска гаранција за еднаквост пред законот.
Според објавените податоци, во 2025 година примарна правна помош добиле 5.071 лице. Од вкупно 339 поднесени барања за секундарна правна помош, одобрени се 258, што, како што се наведува, укажува на функционален и достапен систем.
Во насока на негово унапредување, започнува регионалниот проект EQUALS, кој ќе се спроведува во наредните три години во Албанија и Македонија. Проектот се реализира во партнерство со Програма за развој на Обединетите нации (UNDP) и со поддршка од Австриска агенција за развој.
Од Министерство за правда посочуваат дека целта е поефикасен, потранспарентен и подостапен систем на бесплатна правна помош, со фокус на ранливите категории граѓани и подобрување на институционалната координација.
Иницијативата се очекува да придонесе за унапредување на пристапот до правда во регионот и за зајакнување на правната сигурност на граѓаните.
⚖️Бесплатната правна помош не е формалност, туку реална гаранција на еднаквост пред законот❗️
➡️Во 2025 година, 5.071…
Posted by Ален Деребан on Friday 20 February 2026