Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави. На средбата ја потврдија силната и стратешка соработка меѓу двете земји.
Изразив благодарност за континуираната поддршка од САД во процесите на модернизација на институциите и јакнењето на сајбер-безбедноста. Нашиот стратешки дијалог е основа за соработка во смисла на јакнењето на економскиот, трговскиот и стратешкиот потенцијал за соработка помеѓу нашите две држави. Сајбер-безбедноста и дигитализацијата се еден од темелите на овој дијалог, изјави Андоновски.
Министерот истакна дека продолжуваме да градиме партнерства што носат конкретни резултати за граѓаните и за развојот на државата.
🇲🇰🇺🇸 Денеска остварив средба со Н.Е. Никол Варнс, вршител на должноста Амбасадор на Соединетите Американски Држави, на…
Posted by Стефан Андоновски on Friday, February 20, 2026