Македонија ЦУК

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

Во Општина Новаци нивото на Црна Река изнесува околу 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска Река и Крива Река, без излевање.

Во Општина Новаци нивото на Црна Река изнесува околу 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.

– Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка. Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа. ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители, се наведува во соопштението од ЦУК.(МИА)

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top