Македонија иницијатива за билатерална средба

Мцунски оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија

Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка, изјави Муцунски.

Мцунски оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка, изјави Муцунски.

Министерот Муцунски потенцира дека иницирал билатерална средба која би се реализирала во наредниот период.

🇲🇰🇧🇬 Денес остварив телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија,…

Posted by Timco Mucunski on Friday, February 20, 2026

Најнови вести од Македонија

To top