По долги години, Македонците го слушнаа она што секој од нас толку желно го очекуваше. Абер за почеток на крајот на урбаниот мит за неказнивоста на политички корисниот идиот и арамија за чии злодејанија секој нормален знаеше, за тоа чуруликаа и врапчињата, но и нешто за кое требаше време. Време да се соберат сите докази, да биде со сите нишани, да се оди на сигурно. Да не се излетаат. А за тоа, требало трпение, кое понижениот македонскиот народ одамна го нема. Трпение кое го изгубивме по сите оние години на изживување со македонштината, со историјата, со идентитетските одредници, со револуционерите, темни седум лета во кои безочните Црпковци и Алиевци така разулавено и бескруполозно аздисуваа и крадеа ко да не виделе. Како да нема утре. А, имало. И во тоа „утре“ доаѓала и казната. И правдата. Никогаш не било доцна за нив.
Синоќа, чувме нешто многу убаво, нешто што по сета онаа 7-годишна мизерија од владеење и пазар со македонските светии, сите вистински Македонци го посакуваа, море го сонуваа пустите напатени души.
Премиерот Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со запленетите тони марихуана истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и до поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.
Значи, колку „поранешни политичари“ познавате? Хммм, кој ли ќе да е????
Тешка дилема. Навистина, кој ли, побогу, може да е тој поранешен политичар? Аман, да не е оној ајванот кој ја донесе на голема врата можноста истата таа марихуана да се одгледува? Кој тресел лиценци ко од ракав со другарчето лекар? Да не е дибекот кој ни врза грчка машна и се дрзна насила со уцени и фатени за мадиња пратеничиња да го смени исконското име на државата? Имателот на златна виза за ОАЕ ли? Или, пак, можеби е политичарот кој ни донесе неаргументирана двојазичност? Бизнисменот кој тргува со отровни корнишони ли? Копукот кој се сликаше со кралот на марихуаната Биг Мајк, кој не гледаше како иден Марихуаналенд? Оној ќелепурот кој го распупи судството со Лошила Кацарска и Вилма, та затвори на правдина армија браќа и сестри? Типчето кое сакаше да ја легализира истата таа марихуана мафтајќи со европско знаменце ли? Гревот кој се сликаше со црногорскиот „принц“ среде влада ли? Да не е поранешниот политикант кој ставаше параф на Бугарскиот договор, по кој следеше преспанската капитулација? Можеби е оној суртукот кој мисли дека рибата смрди од опашката? Чаламот израснат во Горњи Милановац чии гавази го прифатија Францускиот ултиматум ли? Човечето кое мисли дека на човек можеш насила да му дадеш, не и да му земеш? Амнести-рекодерот кој е три пати помилуван, за Глобал, Пуч и Поткуп ли? Тапчото што руските пранкери го работеа како бавча ли? Бомбашот кој со Катица и двете кокони го доурна правниот систем? Шушајката која со Фиќо возикаше мотори додека луѓе умираа ко муви од короната ли? Оној црпнатиот од нива кој сака да јаде живи луѓе и „жичано“ се колне во фамилија дека немал да смени име? Дилајлата што имала три први љубови? Неимарот кој гради облакодери по Дубаи ли? Рекетарот кој сакал за бадијала да купува болници по Македонија ли? Можеби е она малото диктаторче кое минатите 5 години ги менува претседателите во СДС како чорапи и ја киднапираше зевзечката партија ли? Стопанот кај кој Венко оди на баци рака по странство ли? Параспурот со IQ 33 кој 7 години се перчеше и аздисуваше без исав како државата да е на дедо му вилаетот?
Да, може да е тој. „Врло вероватно“, би рекол истиот, а би посакал реалноста да биде „мало сутра“. Тешка геостратешка грешка. Правдата да ти била спора, но секогаш доаѓала по своето. А кармата, таа да ти била многу голема кучка. Се’ се враќало. И убо, a лошото поготово…
И сега? Сега ќе се удира „по грудима нашима“ и ќе тврди дека е невин, ќе лелека дека се работи за политички реваншизам кон невиниот голем политичар со мали скрупули, плиток ум со длабоки џебови кој заради нивно полнење имаше „храброст“ да ги направи сите оние антимакедонски лупинзи и уште со сиот ум се гордее со своите антинационални гомненици и повраќаници.
Од друга страна е она што го кажа човекот кој досега не омана во ништо и за разлика од гореруганиот шалабајзер, никогаш не излажа. Премеирот кажа – „Сите ќе одговараат затоа што се’ ќе биде поткрепено со докази.“
Од друга страна, пак, вистина е дека тој не е „поранешен политичар“. Точно е. Овој засегнатиот со губиток на слобода е политикант, криминалец, арамија, апаш, препродавач, се’ друго, но не и политичар. Ликче кое никогаш не сфати дека ниските страсти водат кон престој во објекти со високи ѕидини.
Тоа е тоа. Премиерата на „Кога волците ќе стивнат“ е најавена. Шапшалите мислеа дека заштитата од „волците“ е безвременска, како и дека „чадорот“ ќе трае вечно и никогаш нема да се офуца и искине. Не сфатија каде и како завршуваат анационалните кондоми преполни со антимакедонски истресок. Велат, ќе било урнебесно. Купете многу пуканки и подгответе се за голем сеир, позаслужен здравје.
Аирлија правда!
П.С.
Туку, каде е момакот кој пред две недели од којзнае каде пиша еден беден ФБ статус и пак мистериозно го снема? Чуму и братот и братучедите му фатиле усвета?
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…