Фудбал ФФМ

ПФЛ: Брера и Работнички за старт на 19.коло

Во терминот од 13 часот играат Вардар и Башкими, додека еден час подоцна почнува натпреварот Пелистер – Струга.

ПФЛ: Брера и Работнички за старт на 19.коло

Со натпреварот меѓу Брера и Работнички што се игра денеска со почеток во 14 часот, стартуваат натпреварите од 19.коло од Првата фудбалска лига. Оваа рунда ќе се игра и во следните три дена и завршува во понеделник со натпреварот Македонија ЃП – Тиквеш.

Утре на програмата се два дуела. Во терминот од 13 часот играат Вардар и Башкими, додека еден час подоцна почнува натпреварот Пелистер – Струга.

Дербито на колото се игра в недела од 13 часот во Кратово каде Силекс го пречекува првакот Шкендија, додека од 14 часот играат Шкупи и Арсими.

Лидер на табелата е Вардар со 48 бодови.

Поврзани теми

To top