Македонија

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени

Повремен дожд и снег на планините, дневната температура од 6 до 11 степени

Во 8.30 часот утрово измерени се температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје – Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

– Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени – информира УХМР.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Најнови вести од Македонија

To top