Македонија

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража

Укината забраната за тешки товарни возила на Стража

Од 9:00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 6:50 часот беше воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и задолжително да користат зимска опрема. Екипите на „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување и одржување на коловозите.

To top