Скопје соопштение

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош

Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“, односно на потегот од „Народни херои“ до „Франк Харкорд-Манинг“, во Општина Кисела Вода.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм во близина на „Макпетрол“.

Исто така, од 9 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улицата „Варшавска“ и дел од бул.„8 Септември“ во Општина Карпош, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Варшавска“ бр. 4.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Најнови вести од Скопје

To top