Република во индустриската зона долж патот кон Доброшане

Започна изградбата на секундарна гасоводна мрежа во Куманово

-Инвестицијата изнесува 10.893.656 денари и претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и унапредување на економскиот развој во Општина Куманово, наведуваат од Владата.

Започна изградбата на секундарна гасоводна мрежа во Куманово

Во Општина Куманово започна реализацијата на проектот за изградба на секундарна, дистрибутивна гасоводна мрежа, на потегот од дел од улица „Видео Смилевски Бато“ до село Доброшане, во индустриската зона долж патот кон Доброшане, соопштија денеска од Влада.

-Инвестицијата изнесува 10.893.656 денари и претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и унапредување на економскиот развој во Општина Куманово, наведуваат од Владата.

Проектот има за цел проширување на гасоводната мрежа и овозможување пристап до природен гас за деловните субјекти и потенцијалните инвеститори во индустриската зона. Со изградбата на секундарната мрежа се создаваат услови за поекономично, енергетски поефикасно и еколошки поодржливо снабдување со енергија. (МИА)

To top