Скопје Исполнето уште едно ветување!

Стефковски: Објавен јавен повик за субвенционирање за стерилизација на домашни миленици

Грижете се одговорно за вашите миленици – искористете ја можноста, потенцира градоначалникот во објавата.

Стефковски: Објавен јавен повик за субвенционирање за стерилизација на домашни миленици

Градоначалнико на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека е објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици во 2026 година.

-Се надоместуваат 100% од трошоците, но најмногу до 6.000 денари по миленик (куче или маче). Право на учество имаат жители на Општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација, потенцира во објавата Стефковски.

„Услови за аплицирање на јавниот повик:
– Миленикот да е регистриран и чипиран (со валиден пасош);
– Стерилизацијата да е извршена во регистрирана ветеринарна установа на територија на општината;
– Да има доказ за извршена уплата.

Потребни документи:
-Барање (од архива или од веб-страницата gazibaba.gov.mk);
– Копија од лична карта;
– Копија од трансакциска сметка;
– Фискална сметка/фактура со доказ за уплата;
– Копија од пасош на миленикот;
– Потврди од ветеринарна установа;
– Фотографија од миленикот“, се наведува во објавата.

Барањата се поднесуваат во затворен плик во архивата на Општината (ул. „Архимедова“ бр.2), секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Грижете се одговорно за вашите миленици – искористете ја можноста, потенцира градоначалникот во објавата.

Линк до ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците направени при стерилизација на домашни миленици во 2026 година.

To top