Свет германија

Мерц: Војната во Украина ќе заврши само кога едната од двете страни ќе биде воено или економски исцрпена

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека има мали изгледи за брз договор за завршување на војната во Украина. Според него, конфликтот може да заврши само кога некоја од двете страни ќе биде исцрпена воено или економски, објави ДПА.

Мерц: Војната во Украина ќе заврши само кога едната од двете страни ќе биде воено или економски исцрпена

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека има мали изгледи за брз договор за завршување на војната во Украина. Според него, конфликтот може да заврши само кога едната од двете страни ќе биде исцрпена воено или економски, објави ДПА.

„Според мене, оваа војна ќе заврши само кога едната од двете страни ќе биде исцрпена, или воено или економски“, рече Мерц во интервју објавено денеска во весникот „Рајнпфалц“.

Во врска со рускиот претседател Владимир Путин, Мерц додаде: „Рационалните и хуманитарните аргументи нема да го убедат Путин. Тоа е горчливата вистина“.

Тој истакна дека целта на европските напори затоа треба да биде да се обезбеди дека „руската држава повеќе не може воено да ја продолжи војната и повеќе не може економски да ја финансира“.

„Моментално сме сведоци како оваа земја западна во состојба на длабок варваризам. Ова нема да се промени во догледна иднина и ова е нешто со кое мора да се помириме“, рече Мерц во врска со состојбата денес во Русија.

Украина се бори да ги одбие руските напади речиси четири години. Во последните денови, двете страни преговараат меѓусебно во Женева за да ја прекинат војната. Деталите од разговорите не беа откриени.

 

Извор МИА

Најнови вести од Свет

To top