Македонија значајна иницијатива

Томовски: Отворени важни дискусии како преку партнерство може да изградиме одржлива и фер бизнис средина

Размената на идеи и искуства со институции, бизнис заедницата и експерти беше вистинска инспирација, објави Томовски.

Томовски: Отворени важни дискусии како преку партнерство може да изградиме одржлива и фер бизнис средина

Директор на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски денес присуствувше на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.

Настанот отвори важни дискусии за тоа како преку партнерство, доверба и заеднички напори можеме да изградиме поодржлива и пофер бизнис средина. Размената на идеи и искуства со институции, бизнис заедницата и експерти беше вистинска инспирација, објави Томовски.

Директорот на СОЗР Томовски верува дека формализацијата не е само регулатива – туку можност за раст, сигурност и долгорочен развој за сите и упати благодарност до организаторите за организацијата и можноста да се биде дел од оваа значајна иницијатива.

Денес имав чест да присуствувам на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до…

Posted by Ivica Tomovski on Wednesday, February 18, 2026

Најнови вести од Македонија

To top