Останати спортови Голема надеж и успех

Малиот Александар повторно ја направи Македонија горда: Со златни медали се врати од меѓународен карате турнир, атакува на државен првак

Тој посочува дека за него и за децата кои ги тренира е вистинска гордост да ја претставуваат Македонија и да освојуваат медали, да се пее нашата химна и нашето македонско знаме да се вее највисоко.

Малиот Александар повторно ја направи Македонија горда: Со златни медали се врати од меѓународен карате турнир, атакува на државен првак

Александар Петровски е младиот каратист кој ја прави Македонија горда. Успесите ова дете ги постигнува веејќи го македонското знаме.

Тој освојува бројни признанија, дипломи и медали на натпреварите каде учествува, како во Македонија, така и надвор од нашите граници.

Така беше и минатиов викенд на меѓународниот карате турнир во Аранѓеловац Опен кој се одржа од 12-ти до 15-ти февруари во соседна Србија.

Таму освои златен медал во екипна борба и златен медал со пехар, поединечно.

-Како голема надеж и успех го одвојуваме резултатот на малиот Александар Петровски кој е ученик во ОУ „Лазо Ангеловски“ од општина Аеродром, кој освои златен медал во пионери и заедно со екипата на Олимпик екипно прваци освоија пехар. Тој имаше 5 борби и исто толку победи. Во финалето го победи натпреварувачот од Русија, Теодоросавов Платон со резултат 4:0 . Ова е само најава на добри борби кој што следат на нашиот меѓународен турнир Олимпик Опен 2026 кој ќе се одржи оваа година на 5-ти април и ќе биде во салата „Јане Сандански“ со многу конкуренција од државата и надвор. Потоа следи државното првенство за деца каде што Александар ќе атакува на државен првак и одбрана на титула балкански првак, вели во изјава за КУРИР, тренерот Александар Кузмановски.

Тој посочува дека за него и за децата кои ги тренира е вистинска гордост да ја претставуваат Македонија и да освојуваат медали, да се пее нашата химна и нашето македонско знаме да се вее највисоко.

To top