Состојки:
- 2,5 чаши млеко
- 1 чаша чиа семе
- 2 лажици мед
- овошје по избор (свежо, замрзнато или во форма на пире)
Подготовка:
Во сад со капак измешајте ги млекото, чиа семето и медот. Добро промешајте за да се соединат состојките. Затворете го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ. Повремено промешајте за да спречите згрутчување на семето. Пудингот чувајте го во фрижидер.
Пред сервирање додајте свежо или замрзнато овошје или овошно пире по желба.