Македонија

Собраниската седница за опозициски пратенички прашања ќе почне со задоцнување од еден час

Собраниската седница за опозициски пратенички прашања ќе почне со задоцнување од еден час

Собраниската седница посветена на опозициските пратенички прашања ќе почне со еден час задоцнување, односно во 12.35 часот, откако координаторот на опозицискиот СДСМ, Оливер Спасовски, реагира на неприсуството на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Спасовски посочи дека не е првпат министерот Дурмиши да не присуствува на седницата за пратенички прашања и дека ако тој има обврски, на седницата треба да присуствува неговиот заменик.

– Во дописот што го доставив до вас најавено е дека пратеничката Јована Тренчевска треба да постави прашање до министерот Дурмиши. Истиот проблем го имавме и претходно. Мислам дека ваков однос кон Собранието најмалку може да има Бесар Дурмиши. Мислам дека крајно време е да се почитува институтот на пратеничики прашања и министрите да бидат тука, а ако не може да дојдат, тогаш тука треба да се нивните заменици. Не може да поставуваме прашања во ветер. Дурмиши не е тука, Марјан, неговиот заменик, не е тука, која е тогаш смислата на пратеничките прашања – праша Спасовски.

По ова, претседателот на Собранието даде пауза од еден час.

Министерот за економија и труд заедно со министерката за финансии и премиерот присуствува на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, што се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top