Македонија средба

Ковачевски – Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

На денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Високо ја цениме добронамерноста на нашите американски пријатели, кои и на Лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан ја повторија пораката дека ќе продолжат заедно со нас на европскиот пат. Нашиот следен исчекор кон евроинтеграциите е долгоочекуван и меѓународно поддржан како никогаш досега. Верувам дека овој момент ќе го препознаат проевропските сили во општеството кои ќе застанат во одбрана на визијата за европска држава. Зад таа визија стои нашиот концепт на европерспективи и осигурена европска иднина наспроти концептот на неизвесност и изолација, истакна Ковачевски.

To top