Раководството на Формула 1 потпиша денеска договор за продолжување на соработката со патеката Барселона – Каталуња, која со тоа ќе остане во календарот на Ф1.
Барселона ќе се менува со Белгија до 2032 година и ќе биде домаќин на трки во 2028, 2030 и 2032 година, додека на белгиската патека Спа-Франкоршамп ќе се возат трки во 2027, 2029 и 2031 година.
„Ова обновување на договорот е резултат на силната врска и тесна соработка, и претставува многу важен чекор во понатамошното консолидирање на Каталонија како клучен играч во меѓународниот календар“, изјави извршниот директор на Барселона – Каталуња, Пол Жиберт.
Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 8 март во Мелбурн.