Фудбал

ОФС Кичево суспендиран на две години, „замрзнато“ членството на делегатите

ОФС Кичево суспендиран на две години, „замрзнато“ членството на делегатите

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени повеќе важни одлуки одлуки. Посебен проблем е функционирањето на ОФС Кичево, сојуз кој доби суспензија од две години.

Федерацијата со соопштение ја обласни одлуката.

„Поради грубо кршење на одредбите од статутот на ФФМ, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука на ОФС Кичево да му се изрече суспензија во траење од две години. За време на суспензијата, на ОФС Кичево му мируваат правата од членство, вклучително и учеството на делегатите од ОФС Кичево на собранието на ФФМ.

Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици. Фудбалските клубови, членки на ОФС Кичево, продолжуваат со натпреварување во истиот ранг на тековното првенство, а во сезоната 2026/27 во рангот каде оствариле пласман.

Фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Кичево продолжуваат со активно вршење на функцијата на листите каде се наоѓаат согласно правилата за судии и судење. Комисијата за регистрација на ОФС Гостивар е задолжена до носење на наредна одлука да ги извршува сите активности за клубовите и фудбалерите членови на ОФС Кичево“. се вели во соопштението на федерацијата.

Кичевскиот фудбал се наоѓа во голема стагнација и кубури со проблеми веќе подолг период.

To top