Македонија утринска поплава на „фејк њуз“ од инфантилната кујна на бихаќка

СДС го допре подрумот на дното: Богданка со подочњаци читаше ЛАЖНИ ВЕСТИ пред влада?!

Мизерни потези на некогаш „државотворната“, а сега МАРИХУАНОТВОРНА партија.

Којзнае колку ли се смееле Јон, Венко и Фани кога је гледале својата отечена портпаролка како чита индолентни зезалици пред влада. Пораката е јасна, да не се повтори Филипче пак ко некој ајван да чита бизарни прес-конференции во улога на едикоеси прваче со растреперено гласче.

Прво, беа МИГРАНТИТЕ (каде само заглавија пустите), па УДАРОТ ПО СЛОБОДА НА ГОВОР, па ЕКОНОМСКИОТ „КРАХ“, та „ИЗОЛИРАНОСТА“ НА МАКЕДОНИЈА, СРПСКИ па РУСКИ СВЕТ, па измислија 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ без абер како до него, сега три дена се занимаваат со АВИОНИ, па им текна на ОДМОРИ. Утре, гарант, ќе бидат ЛЕТЕЧКИ ЧИНИИ и проруски МАРСОВЦИ

СДС го допре подрумот на дното: Богданка со подочњаци читаше ЛАЖНИ ВЕСТИ пред влада?!

Ако по утрото денот се познава, ова ќе биде ден полн со лажни вести.

Венко и врати за хокејарската замена на Богданка. За сите пари. Откако вчерашниот ден мораше да одржи прес-конференција и да прочита цело мизерно соопштение за Високото образование кое не прилегаше на тежината на еден „лидер“ на партија и коe најверојатно (102%) му го напишал Фрчко, таткото на Шмрчко, Филипче денеска и врати на портпаролката. За да не се повтори пак едно лидериште од таков голем калибар да изигрува недоветен портпарол на СДС. Ова беше класична „воспитна“.

Ја з’гнаа сиромашката пред влада во 09.30 сабајлечки да чита лажни вести, по кои во последно време е и препознатлив „брендот“ на СДС, сега со некакви инфантилни измислици дека премиерот да ти одел со владин авион на одмор на Јадранско море?!?! Да не беше тажна, лагата можеб и ќе беше смешна. Порка мизерија, велат за ваквите злодејанија Италијаните… Искрено, поголема глупост не можеле да смислат, порачаа граѓаните на соц-мрежите и им порачаа на Јон и останатите „под Хитно“ да прекинат со прекумерната употреба на неговиот иљач.

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“ пропелтече под товарот на лажните вести утрото ненаспаната портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција пред зградата на Владата.

Можеби и нема да и’ пуштат кривична за клевета поради тоа што сиромашката морала толку рано да стане (неофицијално, ова и бил рекорд)? Можеби токму поради дотичните подочњаци и ќе куртули? И, испадна така, владата само се изначуди на дното кое СДС пак го допре и им порача дека „За разлика од политиката на сензационализам и конструирани афери, наш приоритет остануваат конкретните резултати, заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата.“

Нормално, лажната вест на Богданка беше итно демантирана од Владата, но целта на инфантилниот СДС пи-ар е постигната. Со или без подочњаци, „бубачката“ е пуштена, па лажната вест ќе остане кооперациска посластица. Бадијала демантите.  Пучанството ќе разглаба како можел да оди со авион и  што ли не. А тоа, пуста луцидна лага од ќелепурската кујна на Бихаќка.  Стара, удбашка финта на наследниците на УДБА и ОЗНА.

Мизерни потези на некогаш „државотворната“, а сега МАРИХУАНОТВОРНА партија.

Којзнае колку ли се смееле Јон и Венко кога је гледале својата отечена портпаролка како чита индолентни зезалици пред влада. Пораката е јасна, да не се повтори Филипче пак ко некој ајван да чита бизарни прес-конференции во улога на едикоеси прваче со растреперено гласче.

Прво, беа МИГРАНТИТЕ (каде само заглавија пустите), па УДАРОТ ПО СЛОБОДА НА ГОВОР, па ЕКОНОМСКИОТ „КРАХ“, та „ИЗОЛИРАНОСТА“ НА МАКЕДОНИЈА, СРПСКИ па РУСКИ СВЕТ, па измислија 600 ЕВРА МИНИМАЛЕЦ без абер како до него, сега три дена се занимаваат со АВИОНИ, па им текна на ОДМОРИ. Утре, гарант, ќе бидат ЛЕТЕЧКИ ЧИНИИ и проруски МАРСОВЦИ.

И не, не користевме фотошоп или ВИ за фотката на портпаролката,  горниот дел од фотографијата е оригинален принтскрин од сабајлешната авантура на Богданка пред влада. Се“ си е природно, подочњаците најмногу…

 

П.С.

Туку, каде е Заев?

Онака, за другарче прашуваме…

 

 

Најнови вести од Македонија

To top