Американската манекенка и ријалити ѕвезда Кендал Џенер го „запали“ Инстаграм откако објави фотографија на која позира во провокативно издание.
Кендал позираше додека ја соблекува долната облека со високи потпетици, а реакциите на воодушевените обожаватели го преплавија Инстаграм.
„Сакам да имам вакво тело“, „Изгледаш совршено“, „Идеален подарок за Денот на вљубените“, „Ми го разубави денот со оваа фотографија“, се некои од коментарите.
View this post on Instagram
Оваа објава на Инстаграм досега собра 1,6 милиони лајкови. Некои ја критикуваа, наведувајќи дека ја преминала границата на вкусот.
Минатата недела, таа присуствуваше на Супербоул и го следеше настапот на нејзиното поранешно момче, порториканскиот пејач Бед Бани. Таа беше со нејзината полусестра Ким Кардашијан, Луис Хамилтон, Хејли Бибер и Тајлер, The Creator.
Нејзиното појавување на Супербоул предизвика гласини дека се смирила со Бед Бани. Сепак, Бани потоа беше виден со неговата поранешна девојка Габриела Берлингери.