Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.