Македонија сообраќајот во зимски услови

Забрана за камиони на Стража и на патните правци Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка

Забрана за камиони на Стража и на патните правци Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на повисоките места  во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Од 05.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила  на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05.45 часот поради врнежи од снег се  воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец  крак Маврово – Дебар.

Од 05.55 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се  воведува забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Најнови вести од Македонија

To top