Фудбал

Тоти: Рома е мој дом

Тоти: Рома е мој дом

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, е пред враќање на „Олимпико“, овојпат во поинаква, функционерска улога.

Иако сè уште не се открива каква позиција би можел да преземе, Тоти потврди дека разговорите се во завршна фаза и дека договорот е блиску.„За мене Рома е мојот дом, секогаш била, дури и кога не бев таму.

Во последно време кружат разни гласини. Вистината е дека разговараме за одредени детали и се обидуваме да одлучиме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја затвориме оваа приказна“, изјави Тоти.

„Принцот на Рим“ целата своја кариера ја мина во дресот на Рома, оставајќи неизбришлива трага, тој е рекордер е по број на настапи (786) и постигнати голови (307). Со римската „волчица“ ја освои шампионската титула во 2001 година, двапати триумфираше во Купот на Италија (2007, 2008) и двапати во Суперкупот (2001, 2007).

По пензионирањето во 2017 година, Тоти стана дел од управата на клубот, но во јуни 2019 си замина по несогласувањата со тогашниот сопственик Џејмс Палота

To top