Свет

ЕК предлага задолжителна верификација на одредени странски инвестиции во ЕУ

-Странските инвестиции во ЕУ се корисни за европската економија, но некои од нив може да претставуваат закана за безбедноста и јавниот ред, се вели во соопштението на Комисијата.

ЕК предлага задолжителна верификација на одредени странски инвестиции во ЕУ

Европската комисија денеска презентираше неколку предлози поврзани со проверката на странските инвестиции во ЕУ. Се предлага одредени видови инвестиции да подлежат на задолжителна проверка за извесни показатели.

Според комисијата, неопходно е сите земји од ЕУ да воведат опции за проверка, да го дефинираат опсегот на оние странски инвестиции кои мора да бидат проверени и да ги проценат европските инвестиции надвор од ЕУ кога се поврзани со активности водени од странци. Забележана е потребата од подобрување на координираниот надзор на извозот на артикли со двојна употреба.

-Странските инвестиции во ЕУ се корисни за европската економија, но некои од нив може да претставуваат закана за безбедноста и јавниот ред, се вели во соопштението на Комисијата.

Се додава дека во последните три години биле проверени над 1.200 договори и утврдени се законодавни празнини, вклучително и во однос на можноста инвестициите на ЕУ во странство да се користат против Европа или да се поткопа меѓународниот мир и безбедност. Оттука, комисијата предлага да се следи овој вид инвестиција една година, а според добиената оценка да се разгледа какви дополнителни мерки се потребни на европско ниво.

Најнови вести од Свет

To top